Fatma Bülbül
02 Февруари 2017•Ажурирај: 02 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – Денес, за време на телефонскиот разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја нагласи решителноста на Турција во борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ердоган и Столтенберг исто така разговараа и за генералната состојба на НАТО сојузот“, пренесува анонимниот извор.
„Во разговорот исто така беше посветено внимание на важноста на земјите-сојузнички во активната улога во борбата против тероризмот на Турција“, додава изворот.
Турција, која е членка на НАТО од 1952 година, е втората најголема воена сила во алијансата, по САД, и претставува клучен сојузник.
Ердоган исто така зборуваше и со својот бугарски колега, Румен Радев, кому му честита за постигнатиот успех на изборите. Двајцата лидери ја изразија својата решеност за понатамошно зајакнување на билатералната соработка.