КИЛИС/ХАТАЈ (АА) - Во ракетните и минофрлачките напади што терористите на ПЈД/ПКК од подрачјето на Африн ги изведуваат врз цивилите во Килис и Хатај, животот го загубија 4 лица, од кои двајца се со сириско потекло. Исто така, повредени се 67 лица, од кои 6 се деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили за да ги уништат терористичките цели во подрачјето на сирискиот град Африн, на 20 јануари ја започнаа операцијата „Маслинова гранка“. Во изминатите 6 дена, терористите од Африн извршија напади со 19 ракети врз центарот на Килис, а Хатај го нападнаа со 14 ракети и една минофрлачка граната.
Во вчерашниот ракетен напад врз Килис, беше гранатирана џамијата „Чалик“ во период кога луѓето ја извршувале својата верска обврска. Во нападот животот го загубија 2 лица, додека ранети се 19, од кои 5 деца.
Веднаш по нападот, единиците на ТСК, со помош на радар ги лоцирале позициите на терористичката организација и врз нив е отворен оган од тенковите „Фиртина“. Воени претставици соопштија дека терористичките позиции се уништени во нападот.
Во вториот ден од операцијата што ја започнаа ТСК, падна ракета врз домот на едно семејство во Килис.
Во времето кога ракетата го погодила домот, пред телевизорот се наоѓале двете сестрички Акбаш кои гледале цртан филм. Шрапнелите од ракетата предизвикале големо оштетување на ѕидот од собата, но за среќа, децата биле полесно повредени. По третманот во државната болница во Килис, сестрите Акбаш, кои се на 4-годишна и 7-годишна возраст, се пуштенни на домашно лекување.
Психолошка поддршка на децата и семејствата им дадоа службениците од обласната Дирекција за семејство и социјална политика.
Општината Килис ги поправа куќите кои претрпеа оштетувања при гранатирањата.
- Напади врз Хатај -
Врз местото Рејханли во областа Хатај, на 21 јануари беа исфрлени 11 ракети. Во нападот загина една жена од сириско потекло, додека ранети се 46 лица, од кои едно дете. Турските вооружени сили успеаја да ги уништат двете позиции на терористите од кои беа исфрлени ракетите.
Во третиот ден од операцијата, врз Кирикхан беше фрлена минофрлачка граната. Во нападот животот го загуби едно лице, а две беа ранети.
Некои од ракетите на припадниците на ПЈД/ПКК насочени кон цивилните цели, паднаа на празен терен.
- „За татковината и ние сме подготвени да влеземе таму“ -
Мајката на ранетите сестри Акбаш за АА рече дека во моментот кога ракетата го погодила нивниот дом, се наоѓала во кујната.
Потсетувајќи дека децата гледале цртан филм пред телевизорот, таа рече дека целата куќа била обвиткана со црн дим, исткнувајќи дека тоа што нејзините ќерки биле полесно ранети е вистинско чудо.
„Во еден момент се слушна експлозија и целиот простор беше зафатен со црвен пламен. Дим насекаде, додека дишев, устата ми се полнеше со прашина. Веднаш потрчав до децата и земајќи ги, сакав да излеземе од куќата. Вратата беше урната. Металните делови од вратата стрчеа насекаде. Соедите ни помогнаа да излеземе надвор. Да избиеше пожар, сите ќе умревме. Господ нѐ заштити. Експлозијата предизвика парчиња стакло да се забијат во лицата и косата на моите ќерки. Беа на лекување во болица. Фала му на Господ, моите ќерки се во добра здравствена состојба“.
„Гранатираат, без да ја имаат превид возраста на луѓето што ќе ги повредат, без разлика дали станува збор за деца, старци и млади“, рече мајката Акбаш.
Таткото Али Акбаш бил на работа во периодот кога ракетата го погодила неговиот дом. Тој истакна дека е потребно што е можно поскоро елиминирање на терористичките закани од другата страна на границата.
Истакнувајќи дека добиле секаков вид помош од државата, Акбаш рече: „Шрапнелите да ги погодеа моите девојчиња, можеби сега ќе беа мртви. Се надевам дека операцијата ќе заврши без нашите војници и нашиот народ да претрпат каква било штета. Посакуваме тие предавници што поскоро да бидат неутрализирани. За татковината и ние сме подготвени да влеземе таму.“
Мерве Саламиш, експерт за социјална поддршка при обласната Дирекција за семејство и социјална политика, истакна дека спроведуваат актвности за давање психолошка поддршка на семејствата кои биле жртви на нападите.
„Никогаш нема да ги оставиме сами нашите семејства“, рече експертот за социјална поддршка, Саламиш.
- „Ако е потребно и јас ќе одам за Африн“ -
Седумдесетгодишната баба Филиз Алпдаг изјави: „Се случи чудо и моите внуки се спасија. Господ нека ги чува сите деца. Доколку е потребно, и јас ќе заминам за Африн.“
- „Терористичката организација манипулира преку курдското население“ -
Дента кога во ракетниот напад, во нивниот дом, беа повредени сестрите Акбаш, во истата улица полесно беше повредено уште едно 4-годишно девојче.
По третманот на местото на настанот, малечкото девојче е испратено кај свои роднини во Газиантеп.
„Додека јадевме, настана силен тресок. Сѐ се распарчи. Јас сум Курд, но ова не е курдски процес. Терористичката организација манипулира преку курдското население“, раскажа таткото на малечкото девојче.