Ayşe Yıldız
28 Јуни 2022•Ажурирај: 29 Јуни 2022
АНТАЛИЈА (АА) - Аеродромот во Анталија, популарна турска туристичка дестинација на брегот на Средоземното Море, постави нов рекорд во реализирани летови за еден ден, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во саботата 1.003 авиони слетаа и полетаа од аеродромот во Анталија, поставувајќи нов рекорд за градот“, изјави гувернерот на Анталија, Ерсин Јазичи.
Говорејќи на локален настан, гувернерот рече дека 81.104 странски посетители пристигнале во медитеранското одморалиште во саботата.
Со оваа бројка, аеродромот во Анталија е вториот најфреквентен турски аеродром по Истанбул.
„Имаме сезона која продолжува со рекорди. Среќни сме, задоволни сме. Се надевам дека ќе биде уште подобро“, рече Јазичи и додаде дека повеќе од четири милиони туристи ја посетиле Анталија од почетокот на годината до неделата.