Ali Murat Alhas
28 Јуни 2022•Ажурирај: 29 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Бајкар, турската компанија за производство на глобално познатите беспилотни летала TB2 (UAV), изјави дека ќе донира беспилотни летала наместо да ги продава, откако кампањата за групно финансирање во Украина собра доволно средства за да купи неколку нејзини борбено докажани беспилотни летала, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Бајрак нема да прифати плаќање за TB2s и ќе испрати 3 беспилотни летала бесплатно на украинскиот воен фронт“, објави компанијата доцна вечерта во понеделникот на Твитер.
Бајкар истакна дека „собраните средства наместо тоа ќе бидат вратени на народот во Украина кој се бори“, додавајќи дека компанијата ја цени „солидарноста и решителноста“ на Украинците среде војната.
„Бајкар се моли за праведно решение и траен мир“, се додава во соопштението.
Ова не е прв пат Бајкар да ги донира своите дронови од моделот „TB2“ на Украина. Компанијата претходно го поздрави литванското групно финансирање за купување на нејзините беспилотни летала за својот сосед, но наместо да ги добие средствата, таа понуди сумата да се искористи за помош на Украинците на кои им е потребна.
Познати по прецизните напади, економичноста и способноста за избегнување на радарите, беспилотните летала TB2 се користат на боиштата во Сирија, северен Ирак, Либија, Карабах и Украина, нанесувајќи разорни штети на непријателските копнени единици, артилерија и системи за противвоздушна одбрана.