Faruk Zorlu
16 Декември 2022•Ажурирај: 18 Декември 2022
ДИЈАРБАКИР (АА) - Автомобил паркиран покрај патот експлодира во југоисточна Туркије во моментот кога покрај него минувал автобус кој превезувал полицајци, при што се повредени осум полицајци и еден цивил, јавува Агенција Анадолија (АА).
На местото на настанот во турската област Дијарбакир пристигнаа екипи на Брзата помош, а распореден е и дополнителен полициски персонал.
Министерот за внатрешни работи на Туркије, Сулејман Сојлу, на Твитер објави дека се уапсени двајца осомничени за поврзаност со експлозијата.
„Седуммина од повредените се отпуштени од болница. Другите се под медицински надзор и нивната состојба не е критична“, изјави за новинарите гувернерот на Дијарбакир, Али Ихсан Су.
„Го уапсивме лицето кое го изнајмило автомобилот, кое го донело овде и го активирало [експлозивот], и лицето кое го возело таксито по инцидентот во подрачјето на Лиџе, Дијарбакир“, рече Су.