Muhammed Enes Çallı
05 Јули 2023•Ажурирај: 11 Јули 2023
ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије му честита на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за продолжувањето на неговиот мандат на чело на Алијансата за уште една година, пренесува Анадолу.
„Ја поздравуваме одлуката на Советот на НАТО да го продолжи мандатот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, до 1 октомври 2024 година“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
„Му честитаме на генералниот секретар Столтенберг кој покажа блиска соработка и солидарност со нашата земја за време на неговиот мандат“, се додава во соопштението.
Министерството истакна дека од преземањето на функцијата во 2014 година, Столтенберг работел на зачувување на единството и солидарноста на Алијансата во услови на растечки закани и предизвици, вклучително и тероризмот.
„Веруваме дека тој ќе продолжи да го покажува потребното лидерство“, се нагласува во ова соопштение.
НАТО-сојузниците оваа недела се согласија да го продолжат мандатот на Столтенберг како генерален секретар до октомври 2024 година.
Од 2014 година, норвешкиот политичар Столтенберг (64) ја извршува функцијата 13. генерален секретар на Алијансата.
Ова е четврто продолжување на неговиот мандат, што требаше да заврши оваа есен.
Туркије е членка на НАТО повеќе од 70 години и може да се пофали со втора по големина армија на Алијансата.