Zafer Fatih Beyaz
09 Август 2022•Ажурирај: 09 Август 2022
МЕРСИН (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, го посети бродот за сондажни дупчења „Абдулхамид Хан“, што ќе спроведува истражувања на јаглеводороди, јавува Агенција Анадолија (АА).

Хеликоптерот во кој се наоѓаше Ердоган, леташе од Адана до пристаништето Ташуџу во Мерсин, па по набљудување од воздухот слета на пистата на бродот.
Ердоган го посети бродот, а од надлежните доби информации.