Faruk Zorlu
07 Јули 2022•Ажурирај: 08 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска го пречека малезискиот премиер Исмаил Сабри Бин Јакоб со официјална церемонија во главниот град Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган го пречека Сабри Бин Јакоб, кој престојува во четиридневна посета на Туркије, во претседателскиот комплекс.
Лидерите ќе одржат тет-а-тет разговори и состаноци на ниво на делегации, кои ќе бидат проследени со церемонија на потпишување взаемни договори и заедничка прес-конференција.
Сабри пристигна во Туркије во вторникот и го помина денот во Истанбул каде што се сретна со малезиската заедница и турските бизнисмени и изврши увид на аеродромот во Истанбул, „Сабиха Ѓокчен“, кој е во сопственост и се менаџира од „Malaysia Airports Holdings Bhd“.