Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
Турција

Туркије: Манастирот Сумела привлекува туристи и во текот на зимата

Манастирот, кој на своите посетители им нуди различни можности како трекинг, планински велосипедизам и фотосафари, како и единствен поглед, од неговото повторно отворање минатата година пречека над 217.000 туристи
10 Јануари 2023•Ажурирај: 12 Јануари 2023
Туркије: Манастирот Сумела привлекува туристи и во текот на зимата

ТРАБЗОН (АА) – Манастирот на Цариградската патријаршија, Сумела, во Трабзон, североисточна Туркије, кој пред повеќе од 1.600 години е исклесан во карпите во шумското подрачје на падините на планината Карадаг, привлекува многубројни туристи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Манастирот Сумела е една од најпосетените дестинации на истокот од Црноморскиот Регион, а неговиот несекојдневен изглед и местоположба го чинат специфичен во секое време од годината, па и во студените и снежни денови. Манастирот е исклесан во стрмна карпа на височина од 1.200 метри, речиси над провалија. Тоа го прави исклучително географски, историски и културно значаен, но и туристички атрактивен.

Манастирскиот комплекс Сумела се состои од пештерска црква, која е центар на целата градба, неколку капели, кујни, студентски соби и простории за туристи, библиотека и извор на света вода.

Њутн Ли, еден од посетителите на манастирот од САД, рече дека никогаш претходно не видел вакво место, наведувајќи дека многу му се допаѓаат фреските во манастирот.

„Мислам дека тоа е навистина неверојатно место и е прилично добро сочувано“, рече Ли.

Ајлин Каплан, државјанка на Украина од Германија, рече дека и претходно планирала да го посети манастирот Сумела, но дека бил во фаза на реставрација.

„Ова е навистина одлична можност да се видат остатоците од наследството на православната заедница овде во Трабзон“, рече таа.

Манастирот по петгодишен процес на реставрација повторно е отворен за посети во 2021 година. Во обновата на манастирот, што се состоеше од три фази, извршено е уредување на манастирот и осигурување на карпата, а за реставрацијата издвоени се 57 милиони турски лири (5,5 милиони евра).

Неколку месеци потоа, привремено беше затворен поради опасност од одрон на карпи. Повторно е отворен во мај 2022 година.

Манастирот, кој на своите посетители им нуди различни можности како трекинг, планински велосипедизам и фотосафари, како и единствен поглед, од неговото повторно отворање минатата година пречека над 217.000 туристи.

related_topics:
ТуркијетуристиТрабзонМанастир Сумела
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Чавушоглу: „Неприфатлива е агресијата во Бразил“

Чавушоглу: „Неприфатлива е агресијата во Бразил“

Следно

Ердоган ги критикуваше земјите кои станале засолниште на терористите кои бегаат од турската правда

Ердоган ги критикуваше земјите кои станале засолниште на терористите кои бегаат од турската правда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нишки кои го поврзуваат времето: Како вековните мотиви повторно оживуваат во рацете на жените од Ван

Пензионирана учителка им вдахнува нов живот на отпадоците: Картонот и стаклото стануваат уметност

Од работ на смртта до заеднички авантури: Животната приказна на мачорот „Башкан“

Првата група аџии од Северна Македонија тргна кон светите места во Саудиска Арабија

МААЕ известува за зголемена активност на беспилотни летала во близина на украинските нуклеарни централи

Турција и Казахстан потпишаа 13 договори во рамките на посетата на Ердоган на Астана

Иран ги повика ОАЕ да ги преиспитаат своите политики кон Техеран

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Турција сите туристи ќе ги пречека со турското гостопримство“

„Турција сите туристи ќе ги пречека со турското гостопримство“

Ердоган со порака по повод турскиот национален празник Денот на победата

Ердоган со порака по повод турскиот национален празник Денот на победата

Туркије: Уште 13 бродови со жито ја напуштија Украина во рамките на договорот од Истанбул

Туркије: Уште 13 бродови со жито ја напуштија Украина во рамките на договорот од Истанбул

Турските сили започнаа нова антитерористичка операција на истокот од земјата

Турските сили започнаа нова антитерористичка операција на истокот од земјата

Филипините добија уште два нови турски хеликоптери „Атак“

Филипините добија уште два нови турски хеликоптери „Атак“

Турските сили неутрализира 12 терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија

Турските сили неутрализира 12 терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија

Извозот на Туркије во Обединетите Арапски Емирати достигна 2,5 милијарди долари

Извозот на Туркије во Обединетите Арапски Емирати достигна 2,5 милијарди долари

Ердоган: Довербата во економската стабилност на Туркије зајакна по изборите

Ердоган: Довербата во економската стабилност на Туркије зајакна по изборите

Турскиот министер Фидан: Израел и Нетанјаху имаат желба војната да се прошири во регионот

Турскиот министер Фидан: Израел и Нетанјаху имаат желба војната да се прошири во регионот

Туркије ја потврди смртта на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен

Туркије ја потврди смртта на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен