Mehmet Yılmaz Güldaş
02 Февруари 2025•Ажурирај: 03 Февруари 2025
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа 23 терористи на ПКК/ЈПГ во северниот дел на Сирија, известува Анадолу.
Турското Министерство за национална одбрана објави соопштение во кое се наведува:
„Нема каде да избегаат терористите, никаде не е безбедно за нив. Нашите херојски турски вооружени сили неутрализираа 23 терористи на ПКК/ЈПГ откриени во северна Сирија. Здивот на нашите војници ќе продолжи да биде на грбот на терористите.“