Elif Küçük,Mehmet Ali Derdiyok
10 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Обилните врнежи од дожд што траат од синоќа во турската метропола Истанбул, во различни делови на градот предизвикаа поплави и несреќи на патиштата, јавува Агенција Анадолија (АА).
На градилиште во Општина Ѓунгорен, градежната опрема и камионите практично останаа под вода. Локалните власти работат на испумпување на водата на таа локација.
Во некои делови од градот поплавени се и многу домови, а во некои места е забележана и материјална штета како последица од обилните врнежи.
Во подрачјето на Сариер поплавена е џамија, а локалните тимови работат на испумпување на водата од местото за богослужба.
Али Јерликаја, гувернерот на Истанбул, за новинарите изјави дека според досегашните сознанија поплавени се вкупно 128 станови, 12 деловни објекти и три фабрики.