Handan Kazancı
15 Јули 2023•Ажурирај: 18 Јули 2023
Туркије го одбележува споменот на жртвите од поразениот обид за државен удар извршен од страна на терористичката организација ФЕТО на 15 јули 2016 година, во кој загинаа најмалку 252 лица, а над 2.700 беа повредени, јавува Анадолу.
На седмата годишнина Турците низ земјата се сеќаваат на жртвите од смртоносниот обид за пуч.
Од неговото официјално назначување во октомври 2016 година, секоја година земјата го одбележува 15 јули како Ден на демократијата и националното единство, со настани што се одржуваат на национално ниво во знак на сеќавање на оние што ги загубија животите победувајќи ги пучистите и за сеќавање на храброста на нацијата.
ФЕТО и нејзиниот лидер со седиште во САД, Фетула Ѓулен, го организираа неуспешниот пуч, во кој загинаа 252 лица, а 2.734 беа повредени.
Анкара, исто така, ја обвинува ФЕТО дека стои зад долготрајната кампања за соборување на државата преку инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.
Обидот на ФЕТО да ја собори Владата почна околу 22 часот по локално време на 15 јули 2016 година и беше спречен до 8 часот следниот ден.
Застанувајќи против заканата, турскиот народ храбро му покажа на светот дека нема да толерира каков било обид да се попречи неговата волја како што е изразена преку неговата демократски избрана влада.