Muhammet Emin Avundukluoğlu
16 Јуни 2021•Ажурирај: 17 Јуни 2021
АНКАРА
Пратеничка во турскиот Парламент го претстави својот предлог за номинирање на коосновачите на германската фармацевтска компанија „БајоНТех“, со потекло од Турција, за Нобелова награда за водечки развој на вакцините против Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи за парламентарната група на нејзината партија „Добро“ (IYI), Мерал Акшенер истакна дека Угур Шахин и Озлем Туреџи му направиле голема услуга на човештвото преку развојот на вакцината.
„Дури и пред пандемијата, тие беа почитувани во научните кругови поради нивните студии за рак“, рече таа.
„Затоа денес, како партија ИЈИ, ќе побараме од Големото национално собрание на Турција да ги номинира овие двајца научници кои се гордост на турскиот народ, за Нобелова награда за придонесот кон човештвото и светот на науката“, рече таа.
„Угур Шахин и Озлем Туреџи се незаборавни, лојални деца на турската нација, кои секогаш ќе ги паметиме со гордост. Очекуваме поддршка од сите партии во Парламентот за овој важен потег“, додаде таа.
Фармацевтската компанија „БајоНТех“, основана од Туреџи и Шахин - и двете деца на турски имигранти во Германија - во 2008 година успеаја да ја развијат првата ефективна вакцина во светот против коронавирусот заедно со американскиот партнер „Фајзер“.
„БајоНТех“ оваа година има за цел да произведе вкупно 2 милијарди дози вакцина во шест производствени погони во различни земји.