Sena Güler
14 Јули 2018•Ажурирај: 14 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот Генералштаб издаде соопштение во кое се вели дека за време на воздушните напади, извршени вчера во северен Ирак, биле неутрализирани шест терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението, издадено утринава, се вели дека воздушните напади биле извршени во северните ирачки региони Зап и Гара.
Турската армија не ги прецизираше терористичките групи кои би можеле да бидат вклучени во нападот, но Турција долго време се бори против терористичката организација ПКК, која дејствува во областа.
„Терористите планирале да извршат напад врз безбедносните сили. Антитерористичките операции во областа се во тек“, се додава во соопштението.
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации од страна на Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата вооружена кампања против Турција во 2015 година.
Оттогаш, одговорна е за смртта на повеќе од 1.200 лица на турскиот безбедносен персонал, но и на цивили, вклучувајќи жени и деца.