Hasan Namlı
28 Октомври 2016•Ажурирај: 28 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Во две акции на подрачјето на југоисточната област Дијабакир, припадниците на единицата на турската жандармерија запленија вкупно 157 тона амониум нитрат за изработка на експлозивни направи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од Генералштабот на Турција, акциите на единиците на жандармеријата се извршени на две локации во населбата Решик, во Дијабакир, а притоа се пронајдени 157 тона амониум нитрат во 3.200 пакувања.
Како што соопштија од канцеларијата на гувернерот во Дијарбакир, акциите се спроведени со цел пронаоѓање и фаќање на терористите на ПКК и запленување на материјалите и опремата што ги користат во рачната изработка на експлозивни направи коишто потоа ги поставуваат покрај патиштата, во близина на институциите и во автомобили-бомби.
Припадниците на жандармеријата пронајдоа и илјада литри течно гориво во пет пластични буриња.
Во рамките на акциите приведено е и едно осомничено лице.
Според соопштението, одлучните акции против тероризмот ќе бидат продолжени со цел заштита на локалното население.