Metin Aydemir
20 Август 2023•Ажурирај: 21 Август 2023
ИЗМИР (АА) – Туркије спаси 125 нерегуларни мигранти во Егејското Море, откако грчките сили нелегално ги потиснале назад во турските територијални води, соопшти денес Турската крајбрежна стража, јавува Анадолу.
Единиците на крајбрежната стража забележале групи нерегуларни мигранти во гумени чамци недалеку од брегот на Дикили и Мендерес во турската западна област Измир и ги спасиле.
Мигрантите се однесени во обласната канцеларија за миграции за реализирање на редовните процедури.
Туркије и светските организации за човекови права континуирано ја осудуваат нелегалната практика на Грција на туркање на нерегуларните мигранти кон турските територијални води, нагласувајќи дека со тоа се нарушуваат хуманитарните вредности, се крши меѓународното право и се загрозуваат животите на ранливите мигранти, меѓу кои има и жени и деца.
Туркије е клучна транзитна точка за нерегуларните мигранти кои сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние кои бегаат од војна и прогон.