Muhammed Boztepe
26 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
АНКАРА (АА) – Неутрализирани се уште тројца терористи за време на воздушните операции на турските воени сили во регионите Хакурк и Метина во северен Ирак, координирани со операцијата „Канџа“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од турското Министерство за одбрана, извршени се воздушни операции во регионите на Хакурк и Метина.
Во рамките на операцијата уништени се упоришта, засолништа, магацини за муниција користена од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а неутрализирани се и тројца терористи.