Jeyhun Aliyev
10 Декември 2021•Ажурирај: 11 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Турција спаси вкупно 92 мигранти кои нелегално се истуркани од грчка страна во турските територијални води, соопшти Командата на турската крајбрежна стража, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Тимовите на крајбрежната стража ги спасија мигрантите од три гумени чамци на три локации покрај брегот на подрачјата Дикли и Чешме во областа Измир“, се вели во соопштението.
Сите мигранти беа префрлени во локалната канцеларија за миграции.
Турција и групите за човекови права континуирано ги осудуваат грчките нелегални практики на истуркување на мигрантите, изјавувајќи дека тоа ги крши хуманитарните вредности и меѓународното право, со загрозување на животите на ранливите мигранти, вклучително жени и деца.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Турција е веќе домаќин на 4 милиони бегалци, повеќе од која било друга земја во светот, и презема нови безбедносни мерки на своите граници за да спречи нов прилив на мигранти.