Gökhan Ergöçün
10 Декември 2021•Ажурирај: 12 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Новиот турски телекомуникациски сателит „Турксат 5Б“ на 19 декември ќе биде лансиран од американската воздухопловна компанија „Спејс икс“, изјави турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Адил Караисмаилоглу, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сателитот, произведен од „Ербас“ беше пренесен од Франција во САД на 29 ноември“, изјави Караисмаилоглу за време на прес-конференција во Анкара.
„Новиот сателит“, рече тој, „ќе биде најмоќниот сателит во земјата што ќе го зголеми капацитетот на опсегот и ќе може да служи не само на Турција, туку и на соседните земји.“
„Сателитот е произведен со придонес од домашната индустрија на Турција“, изјави Караисмаилоглу.
„Сателитот, кој се очекува да служи 35 години, има нова генерација на импулсивен систем на електричен погон“, додаде тој.