Yıldız Nevin Gündoğmuş
28 Јули 2022•Ажурирај: 29 Јули 2022
АНКАРА (АА) – Турската Национална разузнавачка служба (МИТ) ја неутрализира Хатиџе Хезер, со кодно име „Бериван Зилан“, таканаречена членка на Извршниот совет на терористичката организација ПКК/КЏК, во операција извршена во Сулејманије во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносните извори, утврдено е дека Хезер во ПКК се приклучила во 1991 година. Своите активности во терористичката организација ги започнала на северот на Ирак.
Локацијата на Хезер е одредена од Националната разузнавачка служба (МИТ). Потоа таа е неутрализирана во операцијата извршена во подрачјето на градот Сулејманије.
Екипата која учествуваше во операцијата подоцна безбедно се врати во Туркије.
- Сестра на поранешен пратеник на партијата ХДП -
Терористката Хатиџе Хезер во 2004 година стана лидерка на таканаречената женска организација ПЈАК на ПКК/КЏК одговорна за Ерменија. Хезер, исто така беше одговорна за ХПГ во 2008 година и одговорна за логорот „Махмур“ на организацијата во 2011 година. Таа во 2017 година продолжи со терористичките активности како одговорна на таканаречениот сириски ПЈАК на организацијата.
Се дознава дека Хезер е постара сестра на поранешната пратеничка на ХДП во Ван, Тугба Хезер Озтурк. Во 1998 година во судир со безбедносните сили неутрализиран е братот на Хезер.