Kemal Karadağ
15 Март 2021•Ажурирај: 16 Март 2021
АНКАРА (АА) - Турската национална разузнавачка служба МИТ го фати во Сирија терористот Ибрахим Бабат со кодно име „Шех Гуји“ и го донесе во Турција. Тој е таканаречен бригаден командант на ПЈД/ЈПГ, сириски огранок на терористичката организација ПКК/КЏК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според добиените информации, тимот на МИТ преку операција во Сирија го фатил терористот Бабат додека се движел со своето возило.
Бабат од граничната линија е донесен во Турција. По испрашувањето на Бабат, МИТ заедно со елементите на Националната војска на Сирија запленија голем број рачно изработени експлозиви, мини и електрични детонатори на терористичката организација, што биле подготвени за користење.
Исто така, по испрашувањето на Бабат, дешифрирани се и плановите на оваа терористичка организација во врска со извршувањето активности врз караулите и базите на граничната линија помеѓу Сирија и Турција.
Се вели дека терористот Бабат во 2011 година во Џизре се приклучил на оваа терористичка организација. Тој ги започнал активностите во руралниот тим на оваа организација во подрачјето на Хафтанин во северниот дел на Ирак, а откако извесно време престојувал во Зап, во 2017 година преминал во Сирија, и работел како таканаречен бригаден командант на оваа организација.