Sarp Özer
22 Септември 2023•Ажурирај: 23 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Припадниците на Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ) изведоа уште една успешна антитерористичка операција во северниот дел на Ирак и го неутрализираа терористот Халид Решо Касим, кој важел за шеф на безбедноста на терористичката организација ПКК/КЏК-ЈБШ во Синџар, јавува Анадолу.
Неименуван безбедносен извор соопшти дека операцијата е изведена со инфилтрирање на припадниците на МИТ во Синџар.
Неутрализираниот терорист Касим, кој го користел кодното име „Диндар Авеста“, бил на чело на таканаречените Одбранбени единици Синџар на терористичката структура на ПКК.
Во операцијата неутрализирани се и неговите телохранители.
Касим ѝ се приклучил на терористичката организација ПКК во 2014 година и учествувал во обуката на терористите. Тој бил одговорен на единиците во активностите за регрутација. Касим е одговорен за низа терористички напади во регионот.
ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската Унија и во САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.