Havva Kara Aydın
19 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денес изјави дека верува во тоа дека терористичката организација ПКК ќе биде збришана од Турција во период од една година, јавува Агенција Анадолија (АА).
На церемонијата на дипломирање на студентите од жандармериската Академија за воздухопловство во Анкара, Сојлу изјави дека терористичката огранизација ПКК ќе биде отстранета од Турција овој период наредната година.
„Тоа е моето уверување“, додаде тој.
Сојлу изјави дека Турција постигнала значителен успех со напорите за елиминирање на тероризмот во својот корен, со спроведување на непрекинати антитерористички операции во текот на целата година.
Бројот на терористи во земјата е под 340, нагласи тој, додавајќи дека речиси 2.000 терористи ја напуштиле терористичката организација доброволно или по кампањата на убедување која ја спроведуваат турските безбедносни сили.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.