Ekipa
28 Февруари 2020•Ажурирај: 29 Февруари 2020
КАРАМАН (AA) – Народот низ Република Турција, по нападот на режимските сили во сириски Идлиб, во кој своите животи ги загубија 33 турски војници, се обедини во пружањето поддршка на Војската и на властите на Турција. Низ земјата организирани се и верски програми во џамиите и на јавните површини, јавува Агенција Анадолија (АА).
Собирите за поддршка на кои се истакнати знамиња на Република Турција организирани се во Караман, Афјонкарахисар и Аксарај, а присуствуваа и претставници на различни сектори.
Ахмет Ќучукџиџибијик, челникот на Здружението на новинари во Караман, рече дека турскиот народ не се колеба да се жртвува за својата татковина.
Истакна дека е потребно да се верува во државата и Војската, како и да се пружи поддршка и да се покаже единство.
„Со презир го осудуваме предавничкиот и подмолен напад што сириските режимски сили и партнери го изведоа врз нашите војници во Идлиб, кои таму се наоѓаат за да ја заштитат нашата татковина од терористите“, рече Ќучукџиџибајик.
Уверен е дека Вооружените сили на Република Турција соодветно ќе одговорат.
„Длабоко нѐ потресе веста дека нашите војници ги дадоа животите како шехиди. Секогаш сме со нашата Војска и полиција“, рече сопственикот на книжарница, Мустафа Данис.
Ректорот на Универзитетот за здравствени студии во Афјонхарахисар, Нурулах Окумуш, за АА рече дека длабоко е потресен со вестите во врска со загинувањето на турските војници.
„Таму беа за да обезбедат единство на државата и безбедност на нашата граница. Таму беа за да воспостават безбедносна зона и да го спречат продорот на терористите во нашата земја. Таму беа и за да ги заштитат нашите животи и имотот на пребегнатите, што ги протераа и ги бомбардираа нивните челници“, рече Окумуш.
Во Аксарај луѓето се собраа на Плоштадот „15 јули“, а одржана е и пригодна верска програма.
Во Хатај граѓаните учествуваа во акција за дарување крв.