Davut Demircan
28 Февруари 2020•Ажурирај: 29 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин во нивниот телефонски разговор се согласија да се сретнат наскоро, изјави денес шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фахретин Алтун имаше средба со претставниците на медиумите во Анкара во врска со последните случувања по синоќешните напади врз турските војници од страна на силите на режимот на Асад во Идлиб, северозападна Сирија.
„Ердоган му кажа на Путин дека сегашната ситуација со бегалците долж турските граници се должи на небрежноста на сирискиот режим и намерните негови дејствија“, истакна Алтун.
Тој рече дека Ердоган за време на разговорот со Путин јасно потенцирал дека крвта на турските шехиди (загинати херои) никогаш нема да се остави на земјата.
Алтун додаде дека во средина каде што Турција е под директен напад, претседателот [Ердоган] нагласил дека Турција ги смета сите елементи на режимот како легитимна цел, и дека тие цели ќе бидат напаѓани.
Како што соопшти Алтун, Ердоган исто така нагласил и дека Турција очекува режимот дека ќе биде обврзан да го почитува договорот во Сочи.
„Турскиот претседател додал дека овие напади не можат да го сменат ставот на Турција во врска со Идлиб, и ја потсети Русија да ја исполни својата одговорност со стопирање на режимот на Асад според членот 3 од Договорот во Сочи“, соопшти Алтун.