Mehmet Tosun
05 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
МОСКВА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со приватниот авион „TC-TUR“ пристигна во рускиот главен град, Москва, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на аеродромот „Внуково-II“ беше пречекан од страна на заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, од генералниот директор на државниот протокол, Игор Богдашев, од амбасадорот на Русија во Анкара, Алексеј Ерхов, од амбасадорот на Турција во Москва, Мехмет Самсар, како и од претставници на оваа амбасада.
Заедно со Ердоган во Москва пристигнаа шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, министерот за трезор и финансии, Берат Албајрак, шефот на Турската разузнавачка служба МИТ, Хакан Фидан, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, портпаролот на АК Партијата, Омер Челик, и заменик-претседателот на АК Партијата, Махир Унал.
Во рамки на еднодневната посета, Ердоган ќе се состане со претседателот на Русија, Владимир Путин.