Sarp Özer
02 Април 2021•Ажурирај: 03 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили во текот на изминатите три месеци приведоа 36 осомничени терористи кои се обидувале илегално да побегнат во Грција, велат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Околу 22 припадници на терористичката организација ФЕТО и 14 припадници на ПКК се фатени од страна на турските погранични безбедносни сили во 2021 година“, соопштија извори кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Постои пораст на бројот на припадници на ФЕТО кои се обидуваат да побегнат во Грција, која терористите на организацијата ПКК и крајно левичарската организација ДХКП-Џ ја сметаат за безбедно место.
Во меѓувреме, безбедносните сили исто така фатија вкупно 5.867 лица кои се обидувале илегално да ги преминат границите на земјата минатиот месец.
Пограничните безбедносни сили исто така спречија неколку обиди за криумчарење, запленувајќи 19.346 кутии цигари, 116 килограми дрога и 350 различни оружја.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.