Tanju Özkaya
27 Септември 2018•Ажурирај: 28 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Во судскиот процес што се води против 68 лица кои учествуваа во обидот за заземање на Командата на специјалните сили (КСС), сместена во Ѓолбаши, за време на обидот за државен удар од страна на ФЕТО на 15 јули 2016 година, обвинителот ги соопшти казните што бара да бидат досудени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во 14. Суд за тешки дела во Анкара се води судскиот спор против учесниците во обидот за заземање на Командата на специјалните сили, на која присуствуваа обвинетите, нивните најблиски, обвинителите и адвокатите на одбраната.
Претседателот на Судот ја прочита одлуката донесена на претходното рочиште, по што збор му даде на републичкиот обвинител.
Обвинителот, врз основа на обвинението за „прекршување на уставниот поредок“, побара 31 обвинет да бидат осудени на „отежната доживотна казна затвор“.
Поради „обид за убиство со умисла“ на подносителот на жалбата, подофицерот Исмаил Огуз, обвинителот побара одделни казни од по 20 години затвор за петмина од гореспоменатите обвинети.
Под обвинение за „членување во терористичка организација“, обвинителот побара 35 осуденици да бидат осудени на затворски казни до 15 години, додека за двајцата обвинети кои се во бегство, побара нивните досиеја да се водат одделно. Рочиштето е во тек.