Sarp Özer
22 Мај 2016•Ажурирај: 22 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Турските воздухопловни сили вчера извршија нови напади врз 11 позиции на терористичката организација ПКК во северениот ирачки регион Метина, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили соопштија дека најмалку 30 терористи на ПКК беа убиени во воздушните напади кои ги изведоа турските воздухопловни сили врз терористичките упоришта во планината Кандил во северен Ирак.
Во соопштението се вели дека турските воздухопловни сили извршиле напад и вчера, при што целосно уништени се 11 цели.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и Европската унија. Во јули минатата година, терористите на ПКК ја обновија вооружената кампања, а турските безбедносни сили кон крајот на минатата година започнаа обемни анти-терористички операции во југоисточна Турција и северниот дел на Ирак.