Aziz Aslan
01 Октомври 2021•Ажурирај: 01 Октомври 2021
ДИЈАРБАКИР (АА) - Турските безбедносни сили извршија опсежна антитерористичка акција во која од слобода лишија 12 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ПКК/КЏК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акцијата ја извршуваат единиците на Дирекцијата за безбедност во Дијарбакир и тоа на подрачјето на пет турски области.
Целта на акцијата е да се прекине синџирот на помошници на терористите на ПКК, а за време на рациите на неколку адреси, запленето е поголемо количество оружје и опрема за производство на експлозив.
Приведените се предадени на надлежните судски органи за понатамошна постапка.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.