Sertaç Bulur
25 Февруари 2020•Ажурирај: 26 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа еден од најбараните терористи на ПКК во операција што е извршена во ирачкиот регион Синџар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турските вооружени сили во соработка со турската Национална разузнавачка служба (МИТ) извршија успешна операција во Синџар и го неутрализираа терористот Јахја Думан, за кој беше распишана и меѓународна потерница на Интерпол.
Неутрализираниот терорист го користел и кодното име „Сабри Тори“ и бил водач на ПКК во т.н. терористичка покраина Махмур-Киркук.
Станува збор за терорист кој во редовите на ПКК пристапил во 1993 година, а во 2016 година бил главен виновник за терористичкиот напад врз полициската станица во турскиот град Мардин. Тој бил тренер во терористичките кампови во Ирак, а од минатата година беше и еден од водечките терористи на ПКК во Ирак.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.