Erdoğan Çağatay Zontur
25 Февруари 2020•Ажурирај: 28 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Турција денес со објава во Службен весник го забрани увозот на електронски цигари и сродни производи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Забраната ги опфаќа сите видови производи што се користат за електронско пушење, вклучувајќи и уреди за електронска цигара, додатоци, резервни делови и течности.
Се применува и на производи со електронска цигара кои користат греење или согорување, вклучувајќи го електронското наргиле, без оглед на содржината на никотин.