Muhammed Nuri Erdoğan
27 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
АНКАРА - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во рамките на операцијата „Канџа-тигар“ на подрачјето на Хафтанин, северен Ирак, неутрализирани се девет припадници на терористичката организација ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство за одбрана преку својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека командосите продолжуваат да ги уништуваат терористичките гнезда во подрачјето на Хафтанин.
„Командосите кои влегуваат во секоја пештера, открија девет терористи на ПКК кои се криеле, и ги неутрализираа“, се наведува во соопштението.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција и во северна Сирија и Ирак.
Воените операции во пограничните региони се засноваат на правата на Турција базирани на меѓународното право за самоодбрана и резолуциите на ОН за борба против тероризмот.