Sefa Şahin
08 Декември 2022•Ажурирај: 09 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Турските сили фатија 10 терористи на терористичката организација ФЕТО и терористичката организација ПКК/ЈПГ при обид илегално да ја преминат границата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Туркије.
Во соопштението се вели дека 9 припадници на терористичката организација ФЕТО за кои е утврдено дека претходно биле избркани од јавна функција, биле фатени при обид да избегаат во Грција на илегален начин.
Исто така, во соопштението се нагласува дека еден припадник на терористичката организација ПКК/ЈПГ бил фатен на турската граница со Сирија, при обид на илегален начин да влезе во Туркије.