Diyar Güldoğan
09 Декември 2022•Ажурирај: 09 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа двајца припадници на терористичката организација ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти Министерството за национална одбрана на Туркије, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите беа цел на оперативната зона на операцијата „Маслинова гранка““, објави Министерството на Твитер.
Анкара од 2016 година досега изведе три успешни големи антитерористички операции во северниот дел на Сирија, за да го спречи формирањето на терористички коридор и да овозможи мирно враќање на раселеното население.
„Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019) се имињата на операциите во кои од терористичката окупација се ослободени пошироки подрачја покрај пограничниот појас во северниот дел на Сирија.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 лица, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на таа терористичка организација.