Aykut Karadağ
04 Март 2022•Ажурирај: 05 Март 2022
АНКАРА (АА) ‒ Турските сили неутрализираа најмалку 86 терористи во февруари, соопшти денеска заменикот-министер за внатрешни работи Исмаил Чатакли, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Најмалку пет терористички напади беа спречени во земјата минатиот месец“, изјави Чатакли за новинарите во главниот град Анкара, додавајќи дека 8 терористи се предале на турските безбедносни сили, додека 78 биле фатени живи.
„Од неутрализираните терористи, 57 се припадници на терористичката организација ПКК, 28 припадници на ДЕАШ и еден од екстремно левичарските групи“, додаде Чатакли.
Тој соопшти дека од спроведените операции, 7.166 биле во руралните области, при што безбедносните сили уништиле 103 засолништа користени од ПКК.
Чатакли додаде дека властите конфискувале 60 парчиња оружје и 6 рачни гранати, како и мини, рачно изработени експлозивни направи како дел од „интензивната борба“ за целосно уништување на тероризмот во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.