Faruk Zorlu
13 Април 2022•Ажурирај: 14 Април 2022
АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа тројца терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите, забележани во зоната на операцијата „Канџа-Тигар“, се неутрализирани со артилериска поддршка“, соопшти Министерството на Твитер.
Операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ Турција ги започна во пограничните региони на северен Ирак во 2020 година за да ја осигура безбедноста на турскиот народ и границите.
Терористите на ПКК се кријат во северен Ирак за да планираат прекугранични напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.