Ahmet Sertan Usul
22 Септември 2020•Ажурирај: 22 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во подрачјето на турската операција „Извор на мирот“ е спречен обид за терористички напад од страна на ПКК/ЈПГ и дека неутрализирани се 4 терористи на организацијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се нагласува дека херојските командоси продолжуваат да ги преземаат сите мерки за мир и безбедност на Сиријците во областа на „Извор на мирот“.
„Нашите командоси спречија уште еден обид за напад на терористичката организација ПКК/ЈПГ и неутрализираа 4 терористи на ПКК/ЈПГ“, се нагласува во соопштението на Министерството.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.