Muhammed Boztepe
21 Април 2021•Ажурирај: 22 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа четворица терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои отвориле провоцирачки оган во зоната каде што беше реализирана турската операција „Извор на мирот“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се нагласува дека терористите на ПКК/ЈПГ се неутрализирани од страна на турските командоси.
„Нашите храбри командоси неутрализираа четворица терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои отвориле провоцирачки оган во зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот“ со цел да ја нарушат мирната и безбедната средина“, се вели во соопштението.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.