Erdoğan Çağatay Zontur
09 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Безбедносните сили неутрализираа четворица терористи на ЈПГ/ПКК во источните делови на Турција, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите беа неутрализирани во руралните подрачја од југоисточните области Ширнак и Тунџели“, се вели од Министерството.
Оттаму се информира дека операциите во регионот сѐ уште траат.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК - која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ - е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени.
ЈПГ е сириски огранок на ПКК.