Cankut Taşdan
17 Октомври 2021•Ажурирај: 18 Октомври 2021
АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа двајца терористи во операција спроведена во југоисточна Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористите се неутрализирани на 14 и 15 октомври како дел од операцијата „Ерен-13“, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи.
„Тимовите на обласната жандармерија со поддршка на беспилотни летала, хеликоптери (АТАК) и воздухопловните сили ја спроведоа операцијата против терористите“, се додава во соопштението.
Фират Гизленч, со кодно име Сидар Фаркин Амед, еден од терористите кои се неутрализирани во операцијата, беше на сивата листа на барани од турското Министерство за внатрешни работи, со распишана парична награда од 500.000 турски лири (56.300 долари).
Турската листа на барани е поделена на 5 категории, црвената категорија ги означува најбараните, а потоа се сината, зелената, портокаловата и сивата категорија на барани лица.
„Гизленч е обвинет за обезбедување премин во Турција на терористите кои живеат надвор од државата“, се вели во соопштението.
„Терористот беше вклучен во неколку терористички акти во турските области Ширнак, Сирт, Мардин, Батман и Дијарбакир“, се додава од Министерството.
Операцијата „Ерен“, именувана по Ерен Булбул, 15-годишник убиен од терористичката ПКК на 11 август 2017 година, започна во јануари со цел елиминирање на тероризмот во земјата.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации од страна на Турција, САД и Европа, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.