Merve Aydoğan
28 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
ШИРНАК (АА) - Најмалку пет терористи на терористичката организација ПКК се неутрализирани во утринската операција на Турските безбедносни сили во југоисточната област Ширнак, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Канцеларијата на гувернерот на пограничната област Ширнак е соопштено дека Турските воздушни сили извршиле напад и неутрализирале терористи во новооткриеното засолниште во непристапниот планински регион Фарасин, кај подрачјето Бејтушебап.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, ЕУ и САД.
Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против таа терористичка организација, а изминатата недела на тлото на оваа земја се неутрализирани најмалку 26 терористи. Меѓу неутрализираните беа и пет високопозиционирани припадници на ПКК кои се наоѓале и на листата на најбарани терористи во Турција.