Aykut Karadağ
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили во операцијата спроведена во областа Ѓореседаги во Елазиг-Аричак, источна Турција, неутрализира терорист од портокаловата категорија на листата барани терористи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за внатрешни работи на Турција се истакнува дека неутрализирани се двајца терористи на ПКК/ЈПГ во операцијата организирана од Командата на жандармеријата во областа Елазиг-Аричак.
Наведено е дека еден од двајцата терористи е терористот Салих Екинџи, со кодно име „Деврим Девран“, од портокаловата категорија на листата на барани терористи.
За негово пронаоѓање имаше распишано награда од 1.000.000 лири (околу 130.000 евра).
Во соопштението се наведува дека терористот што е неутрализиран учествувал во терористичкиот напад на 19 март 2018 година, во кој починаа двајца десетари.