Faruk Zorlu
11 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили „неутрализираа“ тројца терористи на ПКК во близина на турската граница во северен Ирак, известува Агенција Анадолија (АА).
Терористите биле цел во зоната на операцијата „Канџа-катанец“, соопшти турското Министерство за национална одбрана на Твитер.
Двајца терористи кои се обиделе да избегаат во пештера во областа Кандил во северен Ирак се неутрализирани во напад со беспилотно летало, соопшти Министерството.
Туркије ја започна операцијата „Канџа-катанец“ во април, насочувајќи ја кон засолништата на терористичката организација ПКК во северните области на Ирак, Метина, Зап и Авашин-Басјан, во близина на турската граница.
Нејзе ѝ претходеа операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ започнати во 2020 година, со цел искоренување на терористите кои се кријат во северен Ирак и заговараат прекугранични напади во Туркије.
Во над 35-годишната кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации од Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, одговорна е за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучително жени, деца и доенчиња.