Zlatan Kapic
11 Јули 2022•Ажурирај: 12 Јули 2022
ПОТОЧАРИ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во пораката по повод одбележувањето на 27-годишнината од геноцидот во Сребреница порача: „Не ги прифаќаме и со тага ги отфрламе потезите кои имаат за цел омаловажување на геноцидот, игнорирање на страдањето на нашите босански браќа и навреда на споменот на нашите шехиди“, јавува Агенција Анадолија (АА).
„На 27-годишнината од геноцидот во Сребреница, во кој човековото достоинство беше фрлено под нозе и кој е црна дамка во историјата на Европа, повторно во нашите срца ја чувствуваме болката на нашите браќа Бошњаци“, порача Ердоган, присетувајќи се на шехидите и изразувајќи сочувство кон нивните семејства.
Како што нагласи претседателот на Туркије, иако од геноцидот поминало четврт век, „нашата болка и понатаму е свежа како и првиот ден“.
„Со секоја откриена масовна гробница, со секој шехид кој го испраќаме, нашата тага и нашата болка расте“, истакна Ердоган во пораката што на комеморацијата во Поточари ја прочита заменик-претседателот на Партијата за правда и развој (AK Parti), Нуман Курулмуш.
Ердоган порача дека и покрај тоа што постојат оние кои сè уште се обидуваат да ја дознаат вистината за своите деца и роднини, срамотно е за човештвото што оние кои имаат улога во геноцидот, наместо искрено да се соочат со тоа, да сакаат да ја тргнат одговорноста од себе.
„Не прифаќаме и со тага ги отфрламе потезите кои имаат за цел омаловажување на геноцидот, игнорирање на страдањата на нашите босански браќа и навреда на спомените на нашите шехиди“, рече Ердоган и додаде:
„Да се обезбеди иднината на Босна и Херцеговина во јака и просперитетна земја во рамките на нејзиниот територијален интегритет е наш долг кон шехидите кои ги изгубивме во Сребреница и другите делови на Босна и Херцеговина.“
„Туркије“, како што нагласи Ердоган, „со таквото определување ја пружа сета неопходна поддршка кон безбедноста, благосостојбата и посветлата иднина на Босна и Херцеговина.“
„Нема сомнежи дека генерациите млади се генерација на мирна и просперитетна Босна и Херцеговина. Младите Босанци и Херцеговци, со својот труд и успеси, како и со својата одлучност да градат иднина без заборавање на минатото, претставуваат извор на надеж за својата земја“, рече Ердоган и додаде:
„Како и во другите области, Туркије настојува да придонесе за развојот на образовната инфраструктура во Босна и Херцеговина. Како што низ историјата стоевме со нашите браќа Бошњаци, во нивните добри и лоши времиња, ако даде Бог и во иднина низ сите расположливи средства ќе настојуваме да ја штитиме Босна и Херцеговина.“
Ердоган порача дека „посебно нема да заборавиме ниту да дозволиме да се заборави геноцидот што пред очите на целиот свет и европски војници е извршен пред 27 години. „Го молам Бога да ни даде сили и да ни помогне на тој пат.“