Gözde Bayar
27 Август 2021•Ажурирај: 28 Август 2021
АНКАРА (АА) - Четворица терористи на терористичката организации ЈПГ/ПКК се неутрализирани од страна на турските сили во северниот дел на Ирак, соопшти денеска Министерството за национална одбрана на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористите беа неутрализирани со возила за артилериска поддршка во операцијата „Канџа-Молња“ во северен Ирак, објави Министерството на Твитер.
Операциите „Канџа“ се серија офанзиви што Турција ги спроведува од 2019 година против терористичките организации во северен Ирак, особено против ПКК.
Најнови се операциите „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“, започнати од Анкара на 23 април во северните ирачки региони Метина и Авашин-Басјан во близина на нејзините граници.
Терористичката организација ПКК се крие во северен Ирак, веднаш преку јужната граница на Турција, каде што подготвува терористички напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.