Cansu Dikme
04 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
БИНЃОЛ (АА) - Турските безбедносни сили уапсија најмалку 26 лица во операциите низ целата земја, поради можна поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на турската полиција се вели дека операциите биле спроведени во Бинѓол, Истанбул, Адана, Измир и во Килис.
Меѓу приведените се наоѓа и 17-годишно лице, кое е ослободено од притвор, но ќе остане под судски надзор.
Полицијата во антитерористичките операции заплени самоубиствени елеци, експлозив, ловечки пушки и 4.600 долари.
Турските безбедносни сили активно се вклучија во рамките на борбата против ДЕАШ.