Ferdi Türkten
03 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Неутрализирани се 12 терористи на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се инфилтрираат во областа на операцијата „Извор на мирот“, северна Сирија, и отвориле вознемирувачки оган, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, вчера во вечерните часови е отворен вознемирувачки оган кон елементите на Турските вооружени сили (ТСК) во југозападниот дел од населеното место Тел Абјад во регионот на операцијата „Извор на мирот“. Од друга страна, во координација со оваа активност, имало и обид за инфилтрирање во регионот.
Со помош на возилата за извидување и надзор стационирани во регионот, утврдено е дека околу 10-15 терористи на ПКК/ЈПГ учествувале во нападот и веднаш биле известени сите оперативни центри.
Утврдено е дека во преземената операција на Турските вооружени сили (ТСК) неутрализирани се 12 терористи на ПКК/ЈПГ. Нема жртви и повредени во редовите на Турските вооружени сили и пријателските елементи.
Со цел мир и спокојство во регионот, активностите за истражување, надзор и хуманитарна помош и поддршка на Турските вооружени сили продолжуваат.