Nuran Erkul
03 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
АНКАРА (АА) - Конзорциумот предводен од „Siemens“ (Сименс), како најповолен понудувач на тендерот, ја доби работата за изработка на првиот парк од ветерници во Турција со капацитет од 1.000 мегавати, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за проектот наречен „Обновливи извори на енергија од ветер (YEKA)“, а конзорциумот, на чело со „Siemens“ има рок од 21 месец да изгради низа турбини со вкупен капацитет од 1.000 мегавати електрична енергија.
Министерот за енергија и природни ресурси на Турција, Берат Албајрак, денес даде изјава по отворањето на тендерските понуди, соопштувајќи дека компанијата „Siemens“ ќе го реализира проектот. Албајрак истакна дека проект со толкав капацитет е многу важна порака за регионот и светот.
„Мислам дека резултатот од тендерската процедура ќе даде голем придонес во турско-германските односи”, рече Албајрак.