Mehmet Demirhan
12 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
ШИРНАК (АА) - Во сообраќајна несреќа во која се преврте автобус животот го загубија 9 лица, а 28 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Странски патнички автобус кој се обраќал на релацијата Ирак - Турција се превртел на 20-тиот километар од патот Силопи-Хабур.
Според првичните проценки, во несреќата животот го загубиле 9 лица, од кои три деца, додека 28 лица се повредени. Меѓу повредените, две лица се потешко повредени.
Повредените се префрлени во државната болница во Силопи.
Безбедносните сили се обидоа да ги успокојат повредените и оние кои ги загубиле најблиските.